Дома Позитив на денот Денеска е Св.Наум Охридски Чудотворец, исцелител и просветител на македонскиот народ

Денеска е Св.Наум Охридски Чудотворец, исцелител и просветител на македонскиот народ

949
0


Денеска православните христијани го слават летниот празник на Св. Наум Охридски (летен Св. Наум).

Свети Наум, чиј главен црковен празник се прославува на 5 јануари, бил ученик на Кирил и Методиј, словенските учители. По род бил од Кутмичевица, на потегот помеѓу Преспанското и Охридското Езеро. Важел за еден од најревносните ученици на светите Браќа и биле еден од Петочислениците. По смртта на Методиј, едно време бил во Белград. Во Рим се прославил со образованоста и чудотворството. По враќањето од Рим на брегот на Охридското Езеро го основал манасторит во кој доаѓале монаси од сите страни на светот. Набргу се прочул како голем духовник. Покрај молитвените подвизи, работел и на преводот на Светото Писмо, како и многу други црковни книги од грчки.

Свети Наум се упокоил во 910 година. Неговиот гроб се наоѓа во внатрешноста на манастирот. Се верува дека поклонувањето на неговиот гроб носи здравје, душевен мир и спокој.
Традиционално голем број православни верници од Охрид, околните градови, соседните држави, како и Македонци од дијаспората, уште од синоќа се упатија кон манастирот „Свети Наум Охридски – чудотворец“ за да го одбележат празникот посветен на големиот православен светец.

Денес именден празнуваат: Наум, Наумче, Науме, Наумка…

За многу години…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име