Колач со кокос со лимон: Одлична и освежителна комбинација која се топи во устата
Направете го оваа недела, ќе бидете воодушевени
Состојки:
200 гр шеќер
2 дл слатка павлака
1 дл млеко
100 гр путер
170 гр брашно
130 гр кокос
5 јајца
сок и рендана кора од лимон
1 кесичка прашок за пециво
Подготовка:
- Растопете го путерот и изладете го, измешајте ги брашното и кокосовото брашно со прашокот за пециво и ренданата кора од лимон.
- Јајцата убаво се матат со шеќер, се додава путерот, се мати уште малку, па се меша претходно подготвената смеса од брашно, прав и кора од лимон. Во оваа маса додадете слатка павлака, млеко и сок од лимон. Добро измешајте после секое додавање.
- Плех со димензии 20 x 35 см се мачка со масло и се посипува со брашно, па се прелива подготвената смеса и се пече околу 40 минути на 200 степени.
- Испечениот колач изладете го и пред послужување посипете го со шеќер во прав и кокос.