Дома Твој готвач Кремаста пролетна чорба од млади компири и кромид

Кремаста пролетна чорба од млади компири и кромид

719
0

Печен млад компир и салата од пролетен кромид се омилена пролетна комбинација за многумина. Обидете се да ја користите оваа храна на малку поинаков начин, како чорба. Пролетта е идеално време кога пристигнува свежиот зеленчук, што ќе ја освежи нашата исхрана.

Состојки:
1 кг млад компир
500 гр млад кромид
1 коцка за супа од пилешко или зеленчук

Постапка:

Ставете ги компирите, кромидот и коцката за супа во големо тенџере, покријте ги со вода и оставете да зовријат. Намалете ја топлината и варете 20 минути. Извадете ги од оган и изладете ги 15 минути. Се измешајте убаво со блендер, за да се добие кашеста текстура. Загрејте пред сервирање.
Ако сакате, направете двопек од стар леб, исечете го на коцки и загревајте го во рерна со додавање лук или зачини, додека не стане крцкав.
Идеална комбинација за сервирање, ако сакате, е 1 лажица кисела павлака или крем сирење.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име