Куглоф со јаткасти плодови: Брзо и вкусно уживање кое најдобро оди со шолја кафе
Слатко кое ќе ви го разубави денот
Ви претставуваме вистински бабински рецепт за куглоф со ореви. Вкусното уживање ќе разбуди носталгија во вашиот дом.
За куглоф ви треба:
5 јајца
100 грама путер
лажица шеќер
25 грама квасец
700 грама брашно
млеко по потреба
300 грама шеќер
250 грама ореви
дополнителни 50 грама путер и џем од кајсии или шипинки
Подготовка:
Прво изматете ги жолчките со една лажица шеќер и 100 грама путер. Во изматената маса се додава квасецот издробен во млеко, па се додава млекото и брашното, па се замесува тесто, како за крофни. Во тестото се става малку сол и се остава да стаса.
Нараснатото тесто ставете го на даска за матење, со сукало расукајте ја кората и со калап за крофни правете кифлички. Калапот за куглоф намачкајте го со путер и посипете со шеќер во прав или мелени ореви.
Во калапот ставете еден ред тесто. Нареденото тесто посипете го со растопен путер, шеќер и ореви. Половина од оревите сомелете ги, а другата половина ситно исечкајте ги, па сè заедно измешајте.
После тоа, ставете го вториот слој тесто и повторно посипете со шеќер и ореви. Додадете џем од кајсии по желба.
Повторете сè додека калапот не се наполни половина, а потоа оставете го тестото да нарасне. Кога тестото ќе нарасне, ставете го калапот во рерна и испечете го тестото.