Дома Живот Последен неделен хороскоп за 2024 година: Пред да влезете во 2025 година...

Последен неделен хороскоп за 2024 година: Пред да влезете во 2025 година сменете една работа, 23-29 декември е клучен период

1807
0

Последен неделен хороскоп за 2024 година: Пред да влезете во 2025 година сменете една работа, 23-29 декември е клучен период

Откријте што ве очекува…

Сезоната на Јарец, која трае до крајот на годината, носи фокус на амбиција, одговорност и практично остварување на целите, бидејќи со Јарецот владее Сатурн. Оваа сезона најмногу придобивки им носи на Јарците, Биковите и Девиците. Ретроградниот Марс влијае на се, па затоа е важно да размислите пред да преземете важни чекори и да ја одржите самоконтролата.

Овен:

Работа: Фокусирајте се на завршување на обврските што сте ги започнале. Неочекуваните трошоци можат да ве вознемират, но со добра организација се ќе биде во ред.
Љубов: Слободниот Овен може да запознае некого на социјални настани, а оние кои се во врска треба да ја подобрат комуникацијата со партнерот.
Здравје: Внимавајте на исхраната.

Бик:

Работа: Ве очекуваат долгорочни планови. Бидете внимателни со финансиите и избегнувајте импулсни купувања.
Љубов: Размислувате за стара љубов, а можно е и помирување.
Здравје: Можна е настинка.

Близнаци:
Работа: Ќе бидете полни со идеи, но внимавајте да не се преоптоварите. Имате подобра претстава за грешките од минатото.
Љубов: Слободните привлекуваат внимание, а оние кои се во врска треба да избегнуваат расправии. Периодот е добар за патување.
Здравје: Внимавајте на квалитетот на спиењето.

Рак:
Работа: Промените на работа се одвиваат побавно отколку што сакате. Очекувајте награди за вашите напори.
Љубов: Партнерот очекува поголемо внимание. Слободните можат да запознаат егоцентрична Водолија.
Здравје: Избегнувајте стрес.

Лав:

Работа: Ретроградниот Марс ви дава чувство на беспомошност. Фокусирајте се на сталоженост, а не на доминација.
Љубов: Ќе имате интересно познанство со Водолијата, но работата ќе ви биде приоритет.
Здравје: Потребна ви е физичка активност.

Девица:
Работа: Идеално време е за долгорочни планови, иако можни се мали недоразбирања со колегите.
Љубов: Партнерот го цени вашиот труд, но покажете повеќе емоции. На слободните Девици им претстои интересна средба.
Здравје: Можни болки во грбот.

Вага:
Работа: Можни се нови деловни понуди. Работите многу и размислувате за патување.
Љубов: Хармонијата во врската може да се наруши доколку не внимавате на потребите на партнерот.
Здравје: Избегнувајте прекумерно внесување шеќер.

Скорпија:
Работа: Ретроградниот Марс носи конфликти со авторитети и незадоволство од кариерата.
Љубов: Слободните Скорпии можат да започнат страсна врска, но таа ќе биде краткотрајна.
Здравје: Склони кон настинки.

Стрелец:
Работа: Новите предизвици на работа ве мотивираат. Можна е промоција, а и идеи за монетизација.
Љубов: Слободните Стрелци можат да започнат возбудлива комуникација преку социјалните мрежи.
Здравје: Потребна ви е физичка активност.

Јарец:
Работа: Сезоната на вашиот знак носи успех и нови можности, со мала парична добивка.
Љубов: Партнерот ја бара вашата поддршка. Слободните привлекуваат внимание со сериозност и харизма.
Здравје: Чувствителност на временските промени.

Водолија:

Работа: Креативни сте, но малите проблеми пречат во работата. Лоша комуникација со деловен партнер.
Љубов: Венера носи инспирација и можност за нова романса кон крајот на годината.
Здравје: Внимавајте на циркулацијата.

Риби:
Работа: Сезоната на Јарец носи одлична организација и поддршка од пријателите.
Љубов: Слободните Риби можат да имаат романтична средба и нови познанства.
Здравје: Подобрување.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име