Дома Живот Љубовен хороскоп до 27 декември! Вагите имаат брачна криза, Овенот се заљубува...

Љубовен хороскоп до 27 декември! Вагите имаат брачна криза, Овенот се заљубува во пријател, а еве кој влегува во нова врска

1519
0

Љубовен хороскоп до 27 декември! Вагите имаат брачна криза, Овенот се заљубува во пријател, а еве кој влегува во нова врска

Венера, планетата на љубовта, е во Водолија, која гласа за слободни врски и пријателство. Токму затоа многу емотивни врски ќе се родат од пријателство пред Новата 2025 година.

ОВЕН

Развивате чувства кон личност која е ваш пријател долги години. Поради ретроградниот Марс, една стара љубов се обидува да ја обнови комуникацијата со вас. Слободниот Овен ќе оствари нови познанства преку пријателите.

БИК

Влегувате во врска која може да биде интересна, но вашиот ентузијазам ќе опадне до крајот на годината. Во овој период пријателството ви е поважно од љубовта, па затоа тешко можете да постигнете нешто повеќе во емотивна смисла.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува ново познанство. Аспектот на Јупитер и Венера ви носи можност за нова љубов. Меркур тргна напред, па вие имате јасна претстава што сакате на љубовен план. Зафатениот Близнак може да планира патување.

РАК

Ве очекува познанство со амбициозниот Јарец. Тоа е некој кој е фокусиран на работата и не ги покажува чувствата лесно. Раковите во брак можат да направат нов план за распределба на буџетот со партнерот.

ЛАВ

Не сте сосема свои поради влијанието на ретроградниот Марс. Поради ова, не знаете како да ги опишете вашите чувства, кои варираат од депресија до губење на самодовербата. Ве очекува ново познанство со млад човек кој многу патувал.

ДЕВИЦА

Сезоната на Јарец ви носи добар период за љубов. Ве очекуваат повеќе излегувања на јавни места и состаноци. Зафатените Девици можат да размислуваат за проширување на семејството. Слободните ќе имаат можности за нови познанства.

ВАГА

Кризата во врската трае постојано . Партнерот не сака да попушти пред притисокот, а сето тоа ве уморува. Во фаза сте кога сакате да се дружите што повеќе, а партнерот си го турка патот. Ако сте во брак, внимавајте какви одлуки носите.

СКОРПИЈА

Мислите дека би сакале лежерна врска, но добро знаете дека навистина не сте подготвени за тоа. Ќе имате можност да флертувате, но тоа нема да ги исполни вашите очекувања. Брзо губите интерес за луѓето што ги среќавате.

СТРЕЛЕЦ

Некој отворено ќе ви ги покаже своите намери. Ќе уживате, но ќе се изненадите од љубовните пораки кои често ќе пристигнуваат. Можност да се договорите за љубовна средба. Исто така, периодот е одличен за планирање патувања.

ЈАРЕЦ

Сезоната на вашиот знак ви носи добро расположение, но и подароци од најблиските. Отворени сте за нови познанства, па ќе бидете желни за дружење. Идеален период од годината е да планирате патување или да израдувате некој што го сакате.

ВОДОЛИЈА

Венера во вашиот знак ви подготвува изненадување. Токму кога помисливте дека во љубовта ништо не се случува, Венера ќе ве убеди во спротивното. Ќе бидете многу пожелни и забележани во овој период. Можност за започнување на нова романса.

РИБИ

Со денови размислувате за личност која некако ви е недостапна. Таа доза на мистерија внесува возбуда во вашето секојдневие, па уживате во лежерното флертување. Слободните Риби ќе остварат интересно познанство преку работа. Стрелците и Водолијата ќе бидат среќни за вас

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име