Дома Твој готвач Едноставен десерт на кој тешко може да се одолее: Посно медено срце...

Едноставен десерт на кој тешко може да се одолее: Посно медено срце е идеално со кафе или чај

11
0

Едноставен десерт на кој тешко може да се одолее: Посно медено срце е идеално со кафе или чај

Едноставно чоколадно уживање

Посно медено срце е вкусен десерт, чиј бисквит е мек и сочен. Лесно се подготвува и е одличен десерт со топол пијалок.

Иако претежно се препорачува мармалад од кајсии, можете да користите и други како мармалад од јагоди или шумско овошје.

Состојките што ќе ви бидат потребни се:

350 грама брашно

150 грама шеќер

150 милилитри масло

350 милилитри минерална вода

шест лажици какао

една лажица цимет

една кесичка прашок за пециво

шест лажици мармалад

200 грама темно чоколадо + две лажици масло

Подготовка:

Измешајте ги брашното, прашокот за пециво, шеќерот, какаото, циметот и додадете минерална вода и масло. Добро изматете, па додадете две лажици мармалад и повторно изматете. Истурете во помал калап со димензии приближно 20х30. Печете го бисквитот 20 минути на 200 степени.

Кога колачот е готов, премачкајте го со четири лажици мармалад. Оставете го колачот да се излади и за тоа време растопете 200 грама темно чоколадо со две лажици масло. Покријте ја тортата и оставете ја глазурата да се излади малку.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име