Дома Здравје Анасон

Анасон

1577
0

Ние ја викаме мастика или анасонка, Грците – узо (ouzo), Турците – раки (raki), арапите – арака (araka), Шпанците – чинчон (chinchon), а Италијанците – самбука (Sambuca). Што всушност претставува мастиката? Тоа е ароматизиран алкохолен пијалак, а аромата ја добива од анасонот. Меѓутоа, овде и сега, целта не е мастиката туку анасонот како зачин и медикамент. Анасон во народната медицина.Она штом можеби помалку ви е познато за анасонот тоа е дека тој има почесно место во народната медицината.

Зошто? Едноставно заради тоа што содржи голема количина на разни етерни масла, масни киселини, протеини (белки), шеќери, толку потребни на човечкиот организам. Во народната медицина чајот од анасон се употребува како диуретик, а е познат и по тоа што, при настинки ја намалува покачената телесна температура. Чај од анасон се пие за подобрување на варење на храната, многу помага и го олеснува исфрлањето на секрет при кашлицата, воопшто, одличен е при воспаление на органите за дишење, бронхитис, кашлица. Помага при болни менструации, против надуван стомак, ги смирува грчевите, кај мајките доилките го зголемува лачењето на млекото, а има особина и да ја прочистува и крвта.

Анасон во кулинарството Во основа се употребува семето од анасон. Меѓутоа, во кулинарството имаат примена сите делови од ова растение, и стеблото и листот и семето. Листовите од анасон може да се користат за истите намени како и магдоносот. Со нив може да се зачинуваат салатите, супите, главните јадења. Патем кажано, анасонот припаѓа на семејството целер и магдонос. Може да се употребуваа свежо или исушено, цело или сомелено. Се применува во разни салати, главни јадења, десерти и разни видови пијалаци како чај, алкохол, квас, мус, пудинг, се употребува во производството на леб, при конзервирање на зеленчук и овошја.

Често се додава во различните маринади, а прекрасен сопатник е на јаболкото. Анасон одлично се комбинира со лаворовиот лист и со коријандерот, па токму затоа често се прави нива смеса и како таква се употребува. Анасонот пред се, претставува зачин со интензивен специфичен мирис и сладок вкус. За него знаеле уште во далечното мината, а за тоа сведочат пронајдените семиња од анасон во простории кои датираат од камениот период. Анасонот го употребувале и древните грчки лекари како Хипократ, Авицена.

Татковина на анасонот се смета Средоземјето но подеднакво може да се припишат и Блискиот Исток. Познати се два вида на анасон. Едниот е оној обичниот, а вториот е ѕвездестиот анасон. И поред тоа што на изглед, овие два вида анасон, се потполно различни, нивниот вкус и мирис е многу сличен. Додека обичниот анасон е едногодишно тревнато растение, ѕвездестиот анасон е релативно мало дрво кое расте во Југоисточна Азија, а чии плодови имаат ѕвездеста форма и се користат како зачин.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име