Ова е најдобриот рецепт за домашна карамела, готов е за 10 минути
Домашната карамела одлично оди со разни десерти, палачинки, сладолед – но и на лажица, а за нејзина подготовка се потребни само три состојки.
Во продолжение ви пренесувам рецепт за домашна карамела, а овој рецепт многумина го опишаа како најдобар на интернет.
Домашна карамела – состојки:
200 гр шеќер
60 гр путер на собна температура
120 мл слатка павлака
Домашна карамела – подготовка:
Прво карамелизирајте го шеќерот. Ставете го шеќерот во големо тенџере со дебело дно на средна топлина. Бидете трпеливи. По некое време ќе видите мали кристали, а потоа постојано мешајте додека шеќерот целосно не се раствори.
Се трга од оган и се додава путерот и сето убаво се меша.
Додадете го кремот и продолжете со мешањето додека не добиете компактна смеса слична на течно злато.
Оставете го целосно да се излади и ставете го во тегла.
Совет: За уште подобар вкус, додадете прстофат сол.
Вака приготвениот карамел може да се додаде во разни десерти, на пример, во колачи со сирење , можете да прелиете со торта од јаболка или штрудла од јаболка , а одличен е и како прелив за палачинки кои се меки како вашата душа.