Дома Твој готвач Салата од наут со фета сирење

Салата од наут со фета сирење

9
0

Салата од наут со фета сирење

Оваа едноставна и вкусна салата со печен наут може да послужи како лесна вечера.

Состојки

1 голема конзерва наут

1 сечкан кромид

75 гр сечкано фета сирење

½ авокадо исечкано на коцки

2 лажици сечкан копар

1 мелено чешне лук

1 лимон (сок и кора)

½ лажица мед

сол

бибер

маслиново масло

Подготовка на салата од наут со фета сирење

  1. Во плех се ставаат исцедените наут, се додава малку маслиново масло и се сол и бибер. Се пече во рерна загреана на 200 степени околу 25 минути.
  2. За тоа време подгответе го преливот за салата со мешање на сокот и кората од лимон, лукот, 2 лажици маслиново масло, солта и медот во сад.
  3. Кога наутот е готов се остава да се излади на собна температура.
  4. Потоа во сад за салата ставете наут, кромидот, копарот, авокадото и фета сирењето и прелијте го со подготвениот сос. Сè добро измешајте.

Наутот треба да се најде на менито на секој човек кој сака да се храни здраво, бидејќи 100 грама содржи 364 калории, 19 грама протеини и 17 грама влакна. Покрај тоа, содржи многу железо, калциум, фолна киселина и витамини.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име