Дома Здравје Медицински чај од куркума за слабеење: петминутен рецепт за ајурведско „златно млеко“

Медицински чај од куркума за слабеење: петминутен рецепт за ајурведско „златно млеко“

773
0

Медицински чај од куркума за слабеење: петминутен рецепт за ајурведско „златно млеко“

Дури и во древните записи на Ајурведата, „златното млеко“ на куркумата се споменува како мелем за душата и телото. Лековитите својства на овој напиток се многубројни поради состојките кои ги содржи, чија синергија ги засилува индивидуалните лековити својства на секоја поединечна состојка.

Имунолошка бомба

Редовното консумирање на овој чај го стимулира варењето, го зајакнува имунитетот, црниот дроб , а неодамна се зборува за негова можна употреба во превенција од неколку видови на рак.

„Златното млеко“ има и силни антиоксидантни својства бидејќи неговата топлина, во комбинација со овие зачини и малку маснотии, ја максимизира моќта на куркумата.

Постојат неколку начини на кои можете да го подготвите овој напиток, а за секој од нив ќе ви требаат: шпорет, куркума, малку бибер и нешто што содржи масти за подобра апсорпција на лековитиот куркумин, како млеко, кокосово масло и слично.

Секогаш можете да го користите горенаведеното како основа, и да додадете зачини и други адитиви по желба!

Тајно оружје – куркумин

Куркумата содржи 3% куркумин, медицинската состојка што ја прави толку магично портокалова и која крие голем број здравствени придобивки.

Како тајно оружје за слабеење, куркуминот успешно го стимулира варењето на мастите и шеќерот и помага во намалување на воспалението во телото.

Состојки:

2 дл. млеко (органско, бадемово, кокосово, овес…)

1 лажичка куркума во прав

1/2 лажичка цимет

прстофат црн пипер

парче излупен корен од ѓумбир или 1/4 лажичка ѓумбир во прав

прстофат кајен пипер (по избор)

1 лажичка мед или јаворов сируп

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки на најбрзата програма додека не се изедначи целосно.

Истурете во тенџере и загрејте ја смесата 3-5 минути на средна температура додека не стане жешка, но внимавајте да не зоврие!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име