Дома Твој готвач Совршени коцки Рафаело

Совршени коцки Рафаело

419
0

Совршени коцки Рафаело
Мајка ми го има овој рецепт веќе неколку години, а јас редовно уживам кај неа… правам разни колачи, но некако ова е секогаш поврзано со посетата на неа.

СОСТОЈКИ:

За кора, 6 белки, 250 гр шеќер, 50 гр брашно од кокос, 100 гр брашно, 1/2 кесичка прашок за пециво, 2 дл млеко

За фил: 6 жолчки, 2 кесички пудинг од ванила , 4 лажици брашно, 15 лажици шеќер, 1 л млеко, 125 гр путер,
125 гр маргарин, 2 дл слатка павлака

И повеќе: 50 гр кокосово брашно, малку печени лешници.


ПОДГОТОВКА:

Кората

Изматете 6 белки додека да се стегнат, а потоа додадете 250 гр шеќер. Се матат со миксер уште малку, па се додаваат кокосовото брашно и пченичното брашно измешано со малку прашок за пециво. Сега се меша со шпатула, полека и трпеливо (без миксер се става да се пече во рерна загреана на 200 степени, па веднаш се намалува на 180. Кората се пече, внимавајќи да остане бела (потребни се околу петнаесет минути). Печената кора се остава да се излади, па се прелива со 2 дл врело млеко.

Фил

Во еден сад добро измешајте 6 жолчки, 2 кесички пудинг од ванила, 4 лажици брашно, 15 лажици шеќер и 2 дл млеко.
Ставете 8 дл млеко да зовријат, а кога ќе зоврие додадете ја масата од жолчката и варете ја (неколку минути). Оставете да се излади.

Кога оваа смеса ќе се излади, измешајте ја со путерот и маргаринот (претходно добро изматен). Додадете 2 дл изматена слатка павлака Кога ќе се додаде изматената павлака, не матете ја со миксер, туку полека и нежно со шпатула. Потоа наросете околу 50 гр кокосово брашно одозгора се остава да се излади, па се сече на коцки, а во средината се става по еден печен лешник.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име