Дома Живот Љубовен хороскоп до 21 септември! Скорпиите флертуваат на работа, Биковите наоѓаат љубов,...

Љубовен хороскоп до 21 септември! Скорпиите флертуваат на работа, Биковите наоѓаат љубов, а еве кој запаѓа во криза

184
0

Љубовен хороскоп до 21 септември! Скорпиите флертуваат на работа, Биковите наоѓаат љубов, а еве кој запаѓа во криза

Пред нас е поволен период за љубов, речиси за сите хороскопски знаци, а во следните седум дена најмногу среќа ќе имаат Вагите и Биковите.

Дознајте што ви подготвиле ѕвездите на љубовен план до 21 септември:


ОВЕН
Ќе имате повеќе среќа во љубовта, па се ќе ви оди многу полесно од вообичаено. Расположението и темпераментот ќе ви бидат под контрола од оваа недела, што ќе придонесе за хармонија доколку сте во врска, како и поголеми шанси да постигнете успешна врска доколку сте слободни.

БИК
Ќе имате среќа во љубовта и повеќе добри можности. Во фаза сте во која лесно можете да постигнете значајна врска, а доколку не се стремите кон неа, тогаш сигурно ќе успеете да постигнете нешто полежерно, флертување или афера. Хармонија во сферата на односите.

БЛИЗНАЦИ

Ќе се случи нешто што ќе предизвика многу позитивни чувства кај вас и верба во подобро утре. Доколку веќе сте во врска, можно е да планирате романтично патување или екскурзија со вашиот избраник. Заедничките авантури ќе придонесат за зајакнување на врската.

РАК

Иако сте неодоливи во овој период, упорно сте во криза кога е љубовта во прашање. Превирања во сферата на врските ќе има и во наредните недели. Ќе сакате да искусите нешто интензивно, што ќе ве потресе и ќе предизвика промена кај вас.

ЛАВ

Ќе бидете впечатливо шармантни и расположени да доживеете љубов. Иако е можно да сретнете некој кој ќе ве привлече, стабилноста и среќата во сферата на врските е нешто што постојано ви бега во овој период. За жал, така ќе биде и следната недела.

ДЕВИЦА

Иако ќе имате нови контакти и можности за љубов, ќе размислувате за некој од минатото или за некој што не можете да го имате. Нерешените врски се она што најмногу ќе влијае на вашето однесување и одлуки во која насока да одите.

ВАГА

Ова е време за љубов, барем кога се работи за вас. Планетата Венера ќе продолжи да ви помага во оваа област, давајќи ви необична убавина и привлечност. Исто така, вашето расположение ќе биде „романтично“ и другите позитивно ќе реагираат на вас.

СКОРПИЈА

Ќе флертувате со некој со кој работите. Тоа флертување најверојатно нема да води никаде бидејќи, барем вам, ќе ви изгледа несериозно. Ако веќе сте во врска, проблемите во комуникацијата би можеле да ја нарушат хармонијата во врската.

СТРЕЛЕЦ

Сеуште е можно да запознаете некој што ќе ве привлече, преку пријател или во поголемо друштво. Можеби ќе присуствувате на некој настан, заедно со пријателите, што ќе ви даде можност да остварите значајно познанство.


ЈАРЕЦ

Во наредниот период може да очекувате благо подобрување во љубовната сфера и воопшто во врските. Можеби сте наишле на проблеми во претходната недела и не сте биле целосно задоволни од ситуацијата, но незадоволството ќе стане минато.

ВОДОЛИЈА

Претстојната недела е добро време за стекнување нови познанства, особено преку социјалните мрежи или воопшто преку Интернет. Лесно ќе будите чувства само со разговор и смеење, а можете да очекувате и многу смеа.

РИБИ

Ќе бидете фокусирани на кариерата, обврските и можните проблеми. Поради ова, нема да бидете расположени за љубов, што ќе ви ги намали шансите да ја пронајдете. Ако веќе сте во врска, ќе ви треба разбирање од партнерот.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име