Дома Живот ТОПЛОТНИОТ БРАН ПРОДОЛЖУВА. ЕВЕ ШТО ДА ПРАВИТЕ АКО СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ОЧАЈНО

ТОПЛОТНИОТ БРАН ПРОДОЛЖУВА. ЕВЕ ШТО ДА ПРАВИТЕ АКО СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ОЧАЈНО

655
0

ТОПЛОТНИОТ БРАН ПРОДОЛЖУВА. ЕВЕ ШТО ДА ПРАВИТЕ АКО СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ОЧАЈНО


Топлотниот бран продолжува – цела држава од вчера е „во црвено“. На сила е црвениот метео аларм, а температурите низ земјава претежно надминуваат 40 Целзиусови степени.


Ако се чувствувате лошо, преземете ги овие чекори
Ве советуваме да ги преземете следните чекори доколку вие или некој околу вас се чувствува лошо поради високите температури:

Побарајте помош ако имате вртоглавица, се чувствувате слаби, немоќни и вознемирени или сте екстремно жедни и имате силна главоболка. Одете на поладно место што е можно поскоро и измерете ја температурата.
Пијте вода или овошен сок за да се рехидрирате.
Смирете се и легнете во ладна просторија ако имате болни грчеви, најчесто во нозете, рацете или стомакот, често после работа или вежбање при многу топло време. Пијте течности кои содржат електролити, а доколку грчевите траат повеќе од еден час, побарајте лекарска помош.
Консултирајте се со лекар во случај на други поплаки или ако опишаните поплаки траат подолго.

Топлотен бран – Како да им помогнете на луѓето околу вас?
Ако член на вашето семејство или лицето на кое му помагате има топла сува кожа или е во делириум (зборува некохерентно и немирно), грчеви и/или онесвестува, веднаш повикајте лекар/ургентна медицинска помош. Додека чекате доктор/итна помош, ставете го лицето во ладна просторија во хоризонтална положба, подигнете ги нозете и колковите , извадете ја облеката и започнете со надворешно ладење – како што се ладни облоги до вратот, пазувите и препоните со вентилатор и прскајте кожата со вода на температура од 25 до 30 степени.

Измерете ја температурата на вашето тело. Оладете го лицето додека температурата на телото не падне под 38 степени. Ставете ги онесвестените лица во странична лежечка положба .

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име