Најдобриот колач со вишни – одличен рецепт
Совршена и полна со овошје.
Ова е неверојатно добар десерт, откако ќе го направите сите други рецепти ќе останат зад себе.
Неопходно е:
- 5 јајца
- 300 гр вишни и 200 гр. цреши
- 200 мл јогурт
- 200 гр брашно
- 150 гр гриз
- 100 мл масло
- 100-159 гр шеќер
- половона пециво
Подготовка:
Изматете ги белките со шеќерот додека не се стегнат, додајте ги жолчките, па гризот, брашното, прашокот за печиво, маслото, јогуртот и сè убаво измешајте.
Обложете хартија за печење 30×20, истурете ја смесата и одозгора наредете вишни. Со прстите турнете ги малку во тестото за да не бидат сите одозгора.
Печете на 200 степени C првите 15 минути, а потоа намалете на 180 степени и печете 40 минути.
Печениот колач се посипува со шеќер во прав со мирис на ванилин шеќер.
Сечете исклучиво ладно.
Деталите за подготовката погледнете ги во видеото: