ПИЛЕШКА САЛАТА Лесен оброк кој ве држи сити долго време во топлите летни денови
Вкусно и освежително. за сите прилики.
Неопходно е:
650 грама варено пилешко
6 тврдо варени јајца
половина чаша ситно сечкан целер
четвртина главица црвен кромид
2 мали авокадо
1 чаша грчки јогурт
2 супени лажици маслиново масло
1 лажица сенф
1 лажичка јаболков оцет
морска сол
свежо мелен црн пипер
Подготовка:
Изматете го јогуртот со масло, сенф, оцет, сол и бибер. Во посебен поголем сад ставете го пилешкото исечено на коцки, авокадото, кромидот, целерот и јајцата. Прелијте го преливот и полека измешајте. Додадете сол и бибер по вкус. Пријатно!