Дома Твој готвач Брза пита со тиквички и сирење со малку калории и многу протеини

Брза пита со тиквички и сирење со малку калории и многу протеини

2058
0

Брза пита со тиквички и сирење со малку калории и многу протеини

Питите се омилено јадење на овие простори. Сакаме да ги јадеме во комбинација со зеленчук, сирење, месо, овошје. Всушност, питата ни дава многу простор за креативност. Меѓутоа, кога надвор температурите се високи, не сакаме премногу тешки пити.

Сакаме нешто лесно, едноставно, вкусно и брзо да се подготви, а сепак да ги исполниме нашите фитнес цели. Оваа брза пита со тиквички и сирење содржи малку калории и ни дава многу протеини .

За вистинска фит верзија, изберете посно сирење и интегрални верзии на брашно.

Брза пита со тиквички и сирење

Во овој рецепт комбинираме два вида сирење, постни и рикота сирење, за да добиеме покремаста текстура. Црниот бибер и солта се класични зачини кои мора да ги имате , но по желба можете да додадете и некои други.

Состојки:

2 мали тиквички (рендани)

300 гр рикота сирење

100 гр посно сирење

1 шолја интегрално брашно

2 јајца

2 чешниња лук (сецкани)

1 црвен кромид (сецкан)

2 супени лажици маслиново масло

1 лажичка прашок за пециво

црн пипер

сол

2 лажици свежо сечкан магдонос .

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 °C.

Откако ќе ги изрендате тиквичките, оставете ги да отстојат околу 15 минути за да се ослободи вишокот вода.

На загреано маслиново масло пропржете го кромидот и лукот неколку минути.

Измешајте ги сите состојки во сад .

Садот за печење премачкајте го со масло или обложете го со хартија за печење и во него рамномерно распоредете ја смесата.

Печете околу 30-40 минути и проверете со чепкалка дали е готово.

Брза пита со тиквички и сирење со готови кори

За оние кои повеќе сакаат да користат готови кори – еве го рецептот. Можете да направите питата да изгледа визуелно привлечна.

Состојки:

2 тиквички (рендани и исцедени)

300 гр посно сирење

2 јајца

2 чешниња лук (сецкани)

1 црвен кромид (сецкан)

3 супени лажици маслиново масло (оставете една лажица за премачкување)

200 гр готова кора за пита

црн пипер

сол.

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 °C.

На загреано маслиново масло пропржете го кромидот и лукот неколку минути.

Во сад измешајте го динстаниот кромид, лукот, зачините, јајцата, тиквичките и сирењето .

Садот за печење подмачкајте го со масло или обложете го со хартија за печење.

На дното од садот ставете 2-3 кори и секоја премачкајте ја со маслиново масло.

Потоа врз корите рамномерно распоредете ја смесата со тиквички и сирење.

Преостанатите кори исечете ги на ленти и наредете ги одозгора, ставајќи ја едната хоризонтално, а другата вертикално.

Секоја лента премачкајте ја со маслиново масло, а по желба можете да ги посипете лентите со сусам или ким.

Печете околу 35 минути додека не поруменат.

По желба послужете ја питата со јогурт и чинија салата.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име