Дома Твој готвач Ледена чоколадна торта со само 4 состојки

Ледена чоколадна торта со само 4 состојки

1908
0

Ледена чоколадна торта со само 4 состојки

Веќе не ви треба рерна – овој неверојатно вкусен чоколаден десерт ќе ве излади и заслади за неколку секунди.

Компоненти:

270 гр темно чоколадо
500 гр крем сирење
100 гр млечна чоколада
30 гр бадеми

масло (или путер)

Подготовка:

Чоколадото здробете го со тапиот дел од ножот и стопете го на пареа. Растопената смеса истурете ја во крем сирењето и измешајте со миксер со стапче. Рабовите и дното на калап со пречник од 16 сантиметри премачкајте ги со масло, па обложете ја со хартија за печење и израмнете ја, па ставете ја во фрижидер 2 часа. Млечната чоколада растопете ја на пареа, па измешајте ја со сечканите бадеми и една лажица масло. Извадете ја тортата од калапот, па премачкајте ја со мешавина од чоколадо и сечкани бадеми. Вратете го во фрижидер 5-10 минути за да се стегне.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име