Дома Здравје Три намирници кои секој треба редовно да ги јаде во своите 40-ти

Три намирници кои секој треба редовно да ги јаде во своите 40-ти

7807
0

Три намирници кои секој треба редовно да ги јаде во своите 40-ти

Хранливите материи можат да направат голема разлика во тоа како се чувствуваме или изгледаме за време на процесот на стареење

Забавен метаболизам, хормонални промени, губење на енергија и исцрпеност, намалено либидо…сето тоа се фактори кои влијаат на квалитетот на нашето здравје, кое тешко се одржува како што старееме, особено кога ќе започнат гореспоменатите процеси. Сепак, постои лек, а тој се состои во превенција.

Претпочитана храна

За тоа особено се залагаше таткото на модерната медицина, Хипократ, преку неговата позната изјава за храната како лек. Имено, хранливите материи кои ги внесуваме во нашите тела можат да направат голема разлика во тоа како се чувствуваме или изгледаме за време на процесот на стареење. Особено за жените. Според здравствените експерти, постојат неколку намирници кои луѓето над 40 години треба да ги додадат во својата исхрана за да го подобрат целокупното здравје.

  1. Бобинки

Зголемувањето на внесот на антиоксиданси може да биде одличен начин за промовирање на поздраво тело по 40. Затоа ефикасна опција е редовното консумирање бобинки.

  • Антиоксидансите се нутритивни компоненти кои помагаат да се заробат слободните радикали додека ја подобруваат работата на срцето и мозокот – објаснува диететичарката Алиша Галвин.

Слободните радикали можат да предизвикаат оштетување на ДНК, да го забрзаат стареењето на кожата и да промовираат воспаление, а сето тоа станува важно за рамнотежа како што старееме. Дополнително, дополнителна придобивка од бобинките е тоа што придонесуваат за внесување на влакна, важен фактор за здраво слабеење. Поради сето горенаведено, нема да погрешите ако изедете неколку шаки бобинки како ужина или ако ги додадете во омиленото јадење со овесна каша или јогурт.

  1. Јаткасти плодови

Често ја потценуваме моќта што ја имаат јаткастите плодови и семките во исхраната, а една таква богата закуска за оние над 40 години може да бидат оревите.

  • Оревите се богати со омега-3 масни киселини, витамин Е и цинк кои ги одржуваат клетките здрави, ги штитат од оксидативно оштетување и го намалуваат воспалението. Јадењето на ова овошје не само што ве штити од слободните радикали кои можат да предизвикаат оштетување на кожата и брчки, туку е поврзано и со пониски нивоа на ЛДЛ холестерол, кој помага во спречување на срцеви заболувања, објаснува здравствениот тренер Џоана Вен.

Редовното џвакање на оваа крцкава закуска може да помогне и во одржување на здрав крвен притисок и подобрен метаболизам.

  1. Црн грав
  • Гравот и мешунките прават фантастичен протеин од растително потекло за секого, меѓутоа, црниот грав може да биде особено добар поради фактот што може да спречи некои проблеми кои се јавуваат со менопаузата – изјави диететичарката Меган Вонг, додавајќи дека оваа конкретна храна е богата со магнезиум и калиум, минерали кои стануваат уште поважни како што старее жената.

За време на менопаузата, жените губат дури 20 отсто од минералната густина на коските, што значително го зголемува ризикот од остеопороза. Околу 60 проценти од магнезиумот во нашето тело се складира во коските. Неопходно е да внесувате доволно магнезиум и калиум во вашата исхрана дури и по менопаузата, бидејќи особено на таа возраст е поголема веројатноста да се соочите со повисок крвен притисок, изложувајќи се на поголем ризик од хипертензија и срцеви заболувања.

Тоа е добро за сите

  • Без разлика на возраста, давање приоритет на здравата и нутритивно балансирана исхрана е клучна за целокупното здравје. Меѓу другото, тоа значи и редовно консумирање на наведените три намирници – се согласуваат експертите.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име