Дома Твој готвач ПИТА ЗА 30 МИНУТИ! Преку 26 милиони луѓе го пробале рецептот

ПИТА ЗА 30 МИНУТИ! Преку 26 милиони луѓе го пробале рецептот

10041
0

ПИТА ЗА 30 МИНУТИ! Преку 26 милиони луѓе го пробале рецептот

Компоненти:

4 лажици масло
1 кромид
2 средни компири
400 гр зелка
1 морков
3 зелени пиперки
1/2 црвена пиперка
1 лажичка мелена лута пиперка
1 лажичка бибер
1 лажичка сол

Повеќе:
3 јајца
170 мл млеко
170 мл јогурт
45 мл масло
2,5 лажици брашно
1 лажичка сол
1 лажичка бибер
1 кесичка прашок за пециво
малку магдонос
200 гр тврдо сирење

Подготовка: На малку масло пропржете ситно исечканиот кромид, па по минута-две додадете ситно сечкани компири. Покријте и пржете неколку минути, па додадете ја зелката исечкана на ленти, како и ренданиот морков и сечканата пиперка. Промешајте и покријте, па варете додека зеленчукот не омекне. Зачинете и измешајте, па покријте и варете уште малку.

Во сад изматете ги јајцата, па додајте млеко и јогурт, масло, брашно, сол, бибер, прашок за пециво и магдонос. Добро измешајте, па измешајте ги двете смеси. Истурете во огноотпорен сад подмачкан со масло и посипете со рендано сирење. Се пече на 180°C околу 30-35 минути.

Подеталната подготовка погледнете ја во видеото:

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име