Дома Здравје НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ КОЛКУ СЕ ЗДРАВИ КИКИРИКИТЕ: Погледнете зошто треба да ги...

НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ КОЛКУ СЕ ЗДРАВИ КИКИРИКИТЕ: Погледнете зошто треба да ги консумирате секој ден…

13789
0

НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ КОЛКУ СЕ ЗДРАВИ КИКИРИКИТЕ: Погледнете зошто треба да ги консумирате секој ден.

Кикириките потекнуваат од Јужна Америка и припаѓаат на семејството на мешунките, исто како и леќата, гравот или сојата. Не само што има одличен вкус, туку е богат со масти, протеини и други здрави хранливи материи.

Кикириките се добар извор на протеини и имаат висока содржина на есенцијални витамини, минерали и растителни соединенија.

Придобивките од кикириките се различни, па тие дефинитивно треба да се додадат на листата на дневна исхрана. Сепак, поради високата содржина на масти и калории во кикириките, не треба да се претерува со нив.

Овие 11 својства на кикиритките може да се класифицираат во придобивки што ги имаат од здравје до убавина.

Добри се за здравјето на срцето:

Меѓу придобивките што ги имаат кикириките за човековото здравје, се чини дека оваа е најпозната. Благодарение на високото ниво на мононезаситени и полинезаситени масти, кикириките можат да го одржат здраво човечкото срце.

Особено, олеинската киселина во кикириките може да го намали лошиот холестерол (ЛДЛ) и да го зголеми добриот холестерол (ХДЛ) во крвта. Затоа, кикириките се способни да спречат мозочен удар и коронарни заболувања преку зголемување на здравите липиди во крвта.

Ја зајакнуваат енергијата:

Една од најзабележителните придобивки од кикириките за човековото здравје е подобрувањето на енергијата. Ова е сосема разбирливо, бидејќи кикириките содржат многу витамини и минерали, антиоксиданси и хранливи материи, кои сами по себе се одлични извори на енергија.

Помага при губење на тежината:

Кикириките се проучувани за одржување на тежината. Бидејќи има многу калории и масти, кикириките не влијаат на зголемувањето на телесната тежина, па затоа консумирањето на оваа мешунка ќе помогне да се одржи виталноста и да се спречи дебелината.

Ги спречува камењата во жолчката:

Се проценува дека жолчните камења погодуваат помеѓу 10 и 25 проценти од возрасните во светот. Честото консумирање кикирики може значително да го намали ризикот од појава на камења во жолчката.

Според студиите, само 30 грама кикирики дневно може да помогне да се намали ризикот од оваа појава до 25 проценти.

Ја подобруваат меморијата:

Кикириките често се нарекуваат „храна за мозокот“, бидејќи содржат витамин Б3, кој е одличен за функцијата на мозокот, како и за подобрување на меморијата. Содржи флавоноид наречен ресвератрол, кој може да го подобри протокот на крв во мозокот за околу 30 проценти.

Се борат со депресијата:

Серотонинот е важна хемикалија на мозокот која помага во регулирањето на расположението. Несоодветното лачење на оваа хемикалија резултира со депресија.

За среќа, аминокиселината триптофан во кикириките може да помогне во ослободувањето на серотонин, поради што кикириките се способни да ја победат депресијата.

Во бременост го штити фетусот:

Кикириките се сметаат за добар извор на фолна киселина, која е важна за жените за време на бременоста. Според истражувањата, жените кои консумираат 400 грама од оваа киселина пред и во раните фази од бременоста биле под многу помал ризик бебето да има одредени невролошки проблеми.

Јадењето кикирики за време на бременоста, исто така, го намалува ризикот од некои вообичаени алергиски болести како што е астмата кај децата.

Спречуваат Алцхајмерова болест:

Многу истражувања покажаа дека конзумирањето на храна богата со ниацин, како што се кикиритките, може да го намали ризикот од Алцхајмерова болест за околу 70 проценти. Само четвртина од чаша од ова овошје претставува четвртина од дневниот внес на ниацин.

Обезбедува сјајна и затегната кожа:

Состојките во кикириките ја одржуваат кожата сјајна и блескава. Покрај тоа, диеталните влакна во ова растение помагаат да се ослободи телото од вишокот токсини, правејќи ја кожата беспрекорно мека и сјајна.

Од друга страна, кикириките со содржината на магнезиум можат да ги смират нервите, крвните садови и мускулите за да го забрзаат протокот на крв во кожата.

Спречуваат опаѓање на косата:

Меѓу придобивките за убавина на кикиритките е и спречувањето на губење на косата. Благодарение на витаминот Ц, кој е корисен за зголемување на производството на колаген, кикириките можат да го спречат опаѓањето на косата.

Исто така, аргининот од кикиритки е состојка што се користи во многу третмани за ќелавост, додека омега 3 масните киселини можат да ги зајакнат фоликулите на косата и целокупниот раст на косата.

Спречуваат брчки и стареење:

Предвремените знаци на стареење, како што се промена на бојата, брчките и намалената еластичност на кожата, се една од најголемите козметички грижи. За среќа, кикириките имаат значително количество на витамин Ц, кој е неопходен за производство на колаген.

Во суштина, колагенот е важен за одржување на здрави тетивите, ‘рскавицата и кожата. Значи, јадењето кикирики ја подобрува цврстината на кожата, како и нејзината еластичност и свежина.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име