Кокос колачиња со суво грозје
Состојки:
2 чаши брашно
1/2 чаша кокос
1/4 чаша шеќер
1/2 чаша путер / маргарин (собна температура)
2 јајца
1/2 шолја млеко
1/2 чаша суво грозје
1 лажичка ванилин шеќер
2 лажички прашок за печиво
1/4 лажичка сол
1/2 лажичка цимет
Упатство:
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.
- Во голем сад додадете брашно, кокос, шеќер, прашок за пециво, ванила, цимет и сол, добро измешајте.
- Додадете путер, а потоа тријте го со прстите додека не добиете мешавина. Потоа додадете ги суво грозје и измешајте.
- Додадете, јајца и млеко, а потоа месете додека не се формира тесто.
- Користете лажица за да го извадите тестото. Ставете ги топчињата од тесто во подготвен плех.
- Формирајте нерамномерни топчиња.
- Печете во загреана рерна 30 минути или до златно кафеава боја.