Дома Здравје Дали сакате да пиете зелен чај? Ова е најдоброто време од денот...

Дали сакате да пиете зелен чај? Ова е најдоброто време од денот за тоа задоволство

1237
0

Зелениот чај е еден од најпопуларните чаеви поради неговиот благ вкус и хранливиот состав. Нежниот вкус на зелен чај го уживаат луѓето ширум светот, но за да дојдат до израз сите негови здравствени придобивки, треба да се пие во одредено време.

На утро
Ако пиете зелен чај наутро, благодарение на кофеинот, ќе го зголемите фокусот и концентрацијата. Сепак, за разлика од кафето и другите пијалоци со кофеин, зелениот чај содржи и Л-теанин, аминокиселина која делува смирувачки.
Л-теанинот и кофеинот подобро делуваат заедно, придонесуваат да се подобри функцијата на мозокот и расположението – без да се предизвикаат негативни несакани ефекти што може да ја предизвика конзумирањето само на кофеин.

По вежбање
Неколку студии покажаа дека зелениот чај е добар избор непосредно пред вежбање. Студија спроведена на 12 мажи открила дека конзумирањето екстракт од зелен чај пред тренинг го зголемува согорувањето на калориите за 17 проценти.
Друга студија, спроведена на 13 жени, покажа дека пиењето три чаши зелен чај ден пред тренинг и уште два часа пред тоа, го зголемува согорувањето на маснотиите за време на тренингот.
Покрај тоа, чајот може да го забрза закрепнувањето по интензивно вежбање. Студија спроведена на 20 мажи открила дека конзумирањето 500 милиграми екстракт од зелен чај ги намалува болките на мускулите предизвикани од вежбање.
Ако обожавате зелен чај, сега знаете кое е најдобро време да уживате во него, да го извлечете максимумот од вашето здравје и линија.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име