Кога ќе ја пробате оваа торта, ќе заборавите на баклава и тулумби! Најдобриот рецепт за прелиена торта
Состојки:
За црна кора:
5 јајца
5 лажици шеќер
2,5 лажици брашно
2,5 лажици гриз
200 гр мелени ореви
80 гр рендано чоколадо
1 ванила
1 лажичка прашок за пециво (3 гр.)
За жолта кора:
5 јајца
5 лажици шеќер
2,5 лажици брашно
2,5 лажици гриз
1 ванила
Половина лажичка прашок за пециво (1,5 гр.)
За сируп:
600 грама шеќер 800 мл вода Сок од еден лимон Гответе само 5 минути откако ќе почне да врие!
Подготовка:
Го правиме првото тесто и го печеме на 200 степени во загреана рерна 10 минути.
Во меѓувреме подгответе ја втората кора.
По 10 минути извадете го од рерна и одозгора намачкајте ја жолтата торта!
Намалете ја температурата на 175 степени и печете уште 25-30 минути!
Извадете го од рерна и оставете го на страна.
Топлиот шербет прелијте го со врелиот десерт!
Оставете да се излади и послужете.
Погледнете го видеото за начинот на подготовка: