Дома Здравје БОГАТА Е СО ПРОТЕИНИ: Ја подобрува функцијата на цревата, го намалува холестеролот...

БОГАТА Е СО ПРОТЕИНИ: Ја подобрува функцијата на цревата, го намалува холестеролот и како влијае на здравјето на срцето

638
0

БОГАТА Е СО ПРОТЕИНИ: Ја подобрува функцијата на цревата, го намалува холестеролот и како влијае на здравјето на срцето

Многумина не знаат дека леќата е една од најздравите намирници, која може да се користи во различни рецепти.
Кога станува збор за здравјето, постојат одредени намирници кои имаат речиси неизмерно добро влијание врз него.

Една од таквите суперхрани е леќата, а нутриционистката Ивана Мишиќ подетално објасни за нејзините благодети:

  • Леќата е високо хранлива мешунка која е исклучително богата со протеини и влакна, а освен тоа го подобрува варењето и го одржува нивото на енергија во организмот, што ќе спречи напади на замор и поспаност – вели нутриционистот и открива што ја прави оваа намирница да стои надвор од другите:


Богата со протеини

Леќата е фантастичен извор на растителни протеини, што ја прави идеална за вегетаријанци, вегани и секој што сака да ја збогати својата исхрана со квалитетни протеини.

Богата со растителни влакна

Високата содржина на влакна во леќата помага во одржување на здрав дигестивен систем, намалувајќи го ризикот од запек и го подобрува целокупното здравје на цревата.

Минерали и витамини

Леќата е полна со железо, фолна киселина, магнезиум, цинк и витамини од групата Б, кои се клучни за одржување на енергија и здрава кожа.

Го подобрува здравјето на срцето

Редовното консумирање леќа може да помогне да се намали холестеролот и да се зачува здравјето на срцето благодарение на растителните стероли и растителни влакна.

Широка примена во кујната

Од салати, супи, до главни јадења, леќата е неверојатно разноврсна во кујната, што ви овозможува да експериментирате со различни вкусови и текстури.

–Затоа, следниот пат кога ќе планирате оброк, размислете да додадете леќа во рецептот, вашето тело ќе ви се заблагодари

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име