Дома Психолошки совети ПОЗНАТ РУСКИ НЕВРОХИРУРГ ПОСЛЕ 3.000 ОПЕРАЦИИ: Оваа работа го уништува МОЗОКОТ

ПОЗНАТ РУСКИ НЕВРОХИРУРГ ПОСЛЕ 3.000 ОПЕРАЦИИ: Оваа работа го уништува МОЗОКОТ

923
0

ПОЗНАТ РУСКИ НЕВРОХИРУРГ ПОСЛЕ 3.000 ОПЕРАЦИИ: Оваа работа го уништува МОЗОКОТ

Академик и познат неврохирург Арнолд Федорович Смејанович наишол на различни случаи во кариерата, но сите го доведоа до истиот заклучок.

Академик и признат неврохирург проф. Д-р Арнолд Федоровиќ Смејановиќ во текот на неговата богата кариера извршил повеќе од 3.000 операции на мозокот . Неговото знаење е ценето во круговите на медицинските експерти, а тоа го поткрепува и фактот што тој е член на Белоруската академија на науките и истакнат научник во областа на неврохирургијата. Работел како истражувач, супервизор и раководител на одделот за неврохирургија во болницата во Минск, бил директор на Истражувачкиот институт за неврологија, неврохирургија и физиотерапија, министер за здравство на Белорусија. Автор е на повеќе од 400 научни трудови и пронаоѓач на 25 патенти.

„Мозокот е орган како и секој друг. Вршиме многу интервенции и повеќето од нив се целосно успешни“, открива докторот и вели дека мозокот е помоќен од која било супермашина и дека сепак е неверојатна мистерија.

Следниве работи кои д-р Смејановиќ ги откри за мозокот благодарение на секојдневните операции:

  • Нема одговори на многу прашања. На пример, сфативме дека бројот на функции на мозокот и неговиот капацитет немаат никаква врска со интелигенцијата. Не ја разбираме масата или волуменот на мозокот. Дали верувате дека мозокот на гениј и мозокот на личност со низок коефициент на интелигенција изгледаат сосема исто?
  • Количината на сива материја и ширината на умот немаат никаква врска една со друга. Луј Пастер, основачот на микробиологијата и имунологијата, имал само една хемисфера на мозокот, а живеел и работел како и сите други луѓе, а притоа постигнал многу.
  • Туморот навистина не мора ништо да менува. Пред 40 години помогнав во операцијата на голем тумор на мозокот кај млад студент од музичката академија. Кога го отстранивме туморот, сфативме дека едната хемисфера е речиси целосно уништена. Девојчето се опорави, заврши академија, се омажи за милионер и се уште игра прекрасно!
  • Најневеројатен пробив за мене беше сознанието дека свеста нема „место“ во телото и дека врската помеѓу мозокот и мислите е тотална мистерија. Само Бог ја знае оваа тајна.

Што е најпотребно за мозокот?

  • На мозокот му треба обука, знаење, читање, размислување за убавина, патување до потсвеста и разбирање за да работи добро.

За крај, д-р Смејановиќ го дава најважниот совет:

„Не дозволувајте вашиот мозок да се замрзне или брзо ќе ослабне. Читајте, одлучувајте, размислувајте, грижи се. Не дозволувајте да станете рамнодушни – тоа е мозочна смрт!“

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име