Пецива за секоја пригода: Вечера, роденден, мезе, појадок… (видео)
Мини пецива за секоја пригода: Вечера, роденден, мезе, појадок…
Само ги виткате кифличките, ги редите и ги сечете, а на крајот добивате мини пециво кое се вклопува во залак. Најдобро за детски родендени, а потоа и за сите други прилики, па дури и за вечера, како што ни послужи овој пат.
Состојки:
200 мл топло млеко
25 g свеж или 7 g сув квасец
1 лажица шеќер
1 лажица сол
200 мл вода
100 мл масло
околу 700 гр брашно
Полнење по желба, а во видеото:
500 гр ситно сирење (нашето е веќе солено, ако
твое не е – додај сол)
1 белка од јајце
Облога:
1 жолчка од јајце
1 лажица млеко
Деталите за подготовката погледнете ги во видеото.