Дома Интересно Дали обичајот да се носи црвена долна облека за Нова година навистина...

Дали обичајот да се носи црвена долна облека за Нова година навистина носи среќа?

668
0

Дали обичајот да се носи црвена долна облека за Нова година навистина носи среќа?

Многумина од нас во Новата година влегуваат облечени во црвена долна облека, верувајќи дека тоа ќе ни донесе среќа, особено во љубовта.

Додека едни имаат одредени ритуали во пресрет на 31 декември, други веруваат дека има симболи кои ќе ни донесат среќа. Еден од нив е дефинитивно црвената долна облека !

Овој обичај датира од средниот век, кога не било дозволено носење црвена облека.Дали сте знаеле дека црвената боја се поврзува со крвта, ѓаволот и вештерството? Сепак, луѓето копнееле да носат гаќички во оваа боја, верувајќи дека тоа ќе им донесе среќа на љубовното поле во наредната година. Црвената облека е симбол на животот и виталната енергија, па населението решило да сокрие црвени крпи под облеката.

Овој обичај потекнува од Шпанија, а денес во целиот свет црвената облека се носи пред најлудата ноќ.

Меѓутоа, доколку сакате вистински успех во 2024 година, најдобро би било да носите жолти гаќички! Се верува дека жолтата облека ја носат ловците на кариера, односно оние кои сакаат уште повеќе пари отколку што имаат.

Кои други народни верувања постојат? Ги има многу, но велат дека во Новата година не треба да влегуваме со долгови, бидејќи се верува дека ќе не следат во текот на целата година.

Исто така, најдобро е да ја добиете првата честитка од личност од спротивниот пол, за среќа во љубовта. Ако сакате среќа во наредната година, првиот гостин во куќата нека биде темнокос и висок маж кој носи подарок.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име