Дома Твој готвач БРЗО ОД РЕРНА: Компири во манастирски стил кои брзо и лесно се...

БРЗО ОД РЕРНА: Компири во манастирски стил кои брзо и лесно се подготвуваат

5635
0

БРЗО ОД РЕРНА: Компири во манастирски стил кои брзо и лесно се подготвуваат

Овој рецепт доаѓа од грчките православни манастири и е идеален како главно јадење за време на постот. Додадете ја вашата омилена салата и имате комплетен посен ручек.

Потребни состојки:

1 кг компири

150-200 мл добро маслиново масло

1-2 лимони (свежо исцеден сок)

5-6 чешниња лук исечени на три дела

4-5 ловорови листови

оригано, сол, бибер

Постапка:

Загрејте ја рерната на 250 °C. Измијте ги, излупете ги и исечете ги компирите како што е прикажано на сликата и наредете ги во тавче. Компирите не смеат да бидат еден врз друг.

Зовријте вода (малку повеќе од една чаша е доволно за да ги покрие компирите) и растворете ја солта во неа (потребна е многу сол, но внимавајте). Со таа вода покријте ги компирите кои сте ги наредиле во тавата. Додадете масло, посипете компири со оригано, додадете лук, ловоров лист и бибер. Не додавајте сок од лимон на почетокот бидејќи ќе ги стврдне компирите!

Ставете ги компирите во рерна загреана на 250 °C. Штом компирите почнат да порумени, т.е. штом добие боја и целата вода испари т.е. останува само маслото, намалете ја температурата на 200°C и печете додека не омекнат компирите, вкупно околу 50 минути, се зависи од рерната и од компирите.

Некаде при крајот на печењето, извадете ја тавата и покријте ги компирите со свежо цеден сок од лимон, вратете ги во рерна неколку минути, извадете ги и послужете ги. Пријатно!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име