Дома Твој готвач Фантастична пита со јогурт и спанаќ, брза, лесна, вкусна. Совршено!

Фантастична пита со јогурт и спанаќ, брза, лесна, вкусна. Совршено!

3648
0

Фантастична пита со јогурт и спанаќ, брза, лесна, вкусна. Совршено!

Состојки и подготовка:

500 гр. кора за пита
600 мл. јогурт
300 гр. спанаќ (свеж или замрзнат)
3 јајца
100 мл. масло,
2 лажички сол,
4 лажици брашно,
1 лажичка прашок за пециво


Подготовка:
Уште малку масло и вода на крајот и сусам по желба.
Јајцата се матат, се додава маслото, јогуртот, брашното, солта, прашокот за пециво, јогуртот и на крај сечканиот спанаќ.

Премачкајте: кора, фил, кора, фил, по пет кори, па завиткајте ролат и наредете на тавче што сте го премачкале со масло. Сите ролати премачкајте ги со масло и малку вода, па оставете ги да отстојат околу 10 минути. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути или додека не поруменат. Покријте го печеното и оставете го 5 минути, исечете го и уживајте. Пријатно!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име