Дневен хороскоп за среда, 13 септември! Девиците ќе се заљубат во некој што го познаваат долго време, а овој знак го чека промена во кариерата
OВЕН
ЉУБОВ: Ќе уживате во друштво на многу атрактивни луѓе, но нема да бидете расположени за романса. РАБОТА: Успех на суд и во секаков вид спор. Ќе уживате во наклонетоста на влијателните луѓе. ЗДРАВЈЕ: Забоболка.
БИК
ЉУБОВ: Тешко ќе му одолеете на секој што ви е привлечен бидејќи сте силно заинтересирани за љубов и физички контакт. РАБОТА: Очекувајте финансиски успех. ЗДРАВЈЕ: Болки во грлото.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Ќе имате можности да контактирате со личност која ви се допаѓа. БИЗНИС: Поволен период за иновации на работа, а што се однесува до финансиите можен успех во игрите на среќа. ЗДРАВЈЕ: Променливо.
РАК
ЉУБОВ: Секое ваше очекување може да доведе до проблеми во врската, бидејќи партнерот нема да толерира никаков притисок. РАБОТА: Промена на кариерата. ЗДРАВЈЕ: Намален имунитет.
ЛАВ
ЉУБОВ: Бидејќи сте во одличен период за љубов, сите ваши очекувања можат да се остварат. РАБОТА: Можен е напредок во приватниот бизнис. ЗДРАВЈЕ: Внимавајте што јадете.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Можна е комуникација со личност која ви се допаѓа. Ќе се заљубите во некој што го познавате долго време. БИЗНИС: Проблеми од финансиска природа и непромислени инвестиции. ЗДРАВЈЕ: Добро.
ВАГА
ЉУБОВ: Ќе ви биде тешко да се концентрирате само на една личност. РАБОТА: Во овој период имате проблеми да покажете се што знаете, што ќе ве направи несреќни. ЗДРАВЈЕ: Нервен стомак.
СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Во овој период ви треба некој со кој сте психички компатибилни. РАБОТА: Можни се промени на самото работно место или промена на работното место. ЗДРАВЈЕ: Ненадејна болка.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Ќе имате премногу можности за љубов и ќе ви биде тешко да се одлучите само за една личност. РАБОТА: Ќе ви недостига ентузијазам бидејќи ќе се чувствувате заситени или дури и исцрпени. ЗДРАВЈЕ: Солидно.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Ќе имате тенденција да флертувате со луѓето со кои работите. РАБОТА: Ќе бидете полни со работен ентузијазам и подготвени за сите предизвици, но техничките проблеми би можеле да ве попречат. ЗДРАВЈЕ: Проблеми со стомакот.
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Оправдано е ако имате очекувања, но ова не е период во кој може да се случи нешто значајно во вашиот љубовен живот. РАБОТА: Може да изгубите пари. ЗДРАВЈЕ: Солидно.
РИБИ
ЉУБОВ: Можно е да се впуштите во комплицирана врска со личност која веќе има партнер. РАБОТА: Ќе имате одредени грижи поврзани со оваа сфера од животот. ЗДРАВЈЕ: Внимавајте со алкохолот.