Дома Твој готвач Сочен колач со јаболка…

Сочен колач со јаболка…

1100
0


Состојки:
150 гр путер
50 гр јогурт
130 гр шеќер
1 ванилин шеќер
3 јајца
150 гр брашно
50 гр густин
2 мали лажици прашок за пециво
5-6 јаболка
цимет
шеќер во прав за посипување

Подготовка:

  1. Прво подгответе ги сите состојки. Со хартија за печење обложете тркалезен калап 24-26 см. Путерт со шеќерот и ванилата изматете ги со миксер , додајте ги јајцата едно по едно. Лесно додадете го јогуртот и брашното измешано со прашокот за пециво, густинот и циметот. Промешајте се убаво.
  2. Истурете ја смесата во калапот, јаболката излупени и исечени на тенки парчиња наредете ги скалесто на целата површина. Посипете со малку шеќер, околу 1-2 лажици врз јаболката. Колачот печете го во загреана рерна на 180 степени 25-30 минути. Испечениот, колач посипете го со шеќер во прав.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име