Постојат неколку правила што треба да се следат доколку сакате нарцисите, зумбулите и другите пролетни цвеќиња во вашата вазна да мирисаат подолго. Пред сè, не претерувајте со водата што ја ставате во вазната – само наполнете ја околу 1/3. Потоа оставете ја некое време на собна температура за да не е многу ладна водата.
После откинување или купување, задолжително скратете ги стеблата на цвеќето што ќе го ставате во вазна – за цветот да има шанса да добие повеќе вода. Не пресекувајте го стеблото со ножици затоа што го смачкува што не е добро, туку направете засек со нож.
Исто така, отстранете ги неговите долни лисја за да не почнат да скапуваат во контакт со течноста и на тој начин да создаваат непотребни бактерии кои им пречат на цвеќето. Променувајте ја водата секој втор ден. Ако ставите цвеќе што ослободуваат слуз во вазната, тогаш менувајте ја водата секојдневно.
Ако сакате да вложите дополнителен напор за долговечноста на цвеќето, ставете малку шеќер (го храни растението), парче мелен аспирин (го одржува растението посвежо со регулирање на pH вредноста на водата и одржување на добро ниво ) и малку сок од лимон (го продолжува животот на цвеќето).
Не е лошо да додадете капки оцет бидејќи има антибактериско дејство – додадете две лажици алкохолен оцет на литар вода. Додавањето бакарна паричка во вода или малку сол има сличен ефект.
Чувајте ја вазната со цвеќиња на светло место, но избегнувајте директна сончева светлина или места во близина на радијатори бидејќи пупките ќе се отворат премногу брзо. Имајте на ум дека не треба да ја чувате вазната ни близу до овошје и зеленчук, особено до банани, бидејќи за време на зреењето може да ослободат етилен, штетен за цвеќето.