Дома Твој готвач Пастрмка од рерна (РЕЦЕПТ)…

Пастрмка од рерна (РЕЦЕПТ)…

1317
0

Рибата е една од најздравите намирници на планетата. Богата е со хранливи материи како протеини и витамин Д. Исто така е богат извор на омега-3 масни киселини кои се исклучително важни за нашето тело и мозок. Ние ви предлагаме одличен рецепт на пастрмка од рерна…

Состојки:

  • 4 пастрмки,
  • 1 главица црвен кромид,
  • 4 чешниња лук,
  • 1 морков,
  • магдонос,
  • сол, бибер,
  • рузмарин,
  • ловоров лист,
  • лимон,
  • маслиново масло,
  • малку бело вино,

Подготовка:
Исчистете ги и посолете ги пастрмките.
Ситно исечкајте ги кромидот, лукот и магдоносот, покрупно изрендајте го морковот, додадете сол, бибер и масло, а потоа измешајте се убаво и наполнете ги пастрмките.
Тавата добро подмачкајте ја, па наредете ги рибите, прелијте со маслиново масло и бело вино.
Додадете малку рузмарин, ловоров лист и печете на 200 степени додека не поруменат.
За време на печењето, повремено прелијте ги со маснотиите од тавата.
Исцедете лимон над пастрмката и сервирајте со рендан компир со блитва или со ориз.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име