Дома Здравје 3 совети за здрави бубрези…

3 совети за здрави бубрези…

903
0

Бубрезите играат важна улога во елиминирање на токсините од нашето тело – крвта во бубрезите се филтрира и со тоа и штетните состојки, вишокот сол и течности. Така прочистената крв ги напушта бубрезите преку бубрежната вена.
Кога бубрезите се преоптоваруваат со токсини, може да се појават болести на бубрезите и мочниот меур. Со цел бубрезите да бидат во оптимална функција и да придонесат за здравјето на целиот организам, следете ги овие едноставни совети:

  1. Пијте вода. Водата им помага на бубрезите да ги елиминираат токсините и да спречат камења во бубрезите и инфекции, додека дехидрираноста го зголемува ризикот од проблеми со бубрезите за 20 проценти. За да вклучите повеќе вода во вашата дневна рутина, носете шише вода со вас – така ќе се сетите да ја пиете оваа витална течност дури и во ситуации кога водата не би ви била при рака – во автомобилот или на вашата работна маса.
  2. Не заборавајте на јогурт и млеко. Високиот крвен притисок може да ги оштети малите крвни садови во бубрезите, така што тие не можат да го филтрираат отпадот од крвта како што треба. Грижете се за крвниот притисок со вклучување на две чаши јогурт и чаша млеко дневно на вашето мени . Неколку студии потврдија дека млечните производи со малку маснотии го намалуваат високиот крвен притисок.
  3. Намалете го внесот на сол. Диетата базирана на солена храна го зголемува ризикот од камен во бубрег, бидејќи премногу сол доведува до акумулација на калциум во бубрезите, а не во коските, а потоа постои поголем ризик од камен во бубрег. Јадете помалку преработена храна, и заменете ја солта како зачин со билки.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име