Првата сабота по празникот Прочка, во православното христијанство е Тодорова Сабота или Тодорица. Овој ден верниците го слават како празник на приврзаноста кон велигденскиот пост и спаѓа во оние празници што немаат постојан датум, туку зависат од Велигден. Именден празнуваат: Тодор, Тодорка, Теодора, Теодор, Божидар (од Тео-Бог и дар).
Празникот е востановен во чест на јавувањето на св. Теодор Тирон и укажувањето на подлите намери на царот Јулијан Отстапник, кој се обидел да ги намами христијаните да јадат храна попрскана со крв од животни за време на великиот пост.
Со Тодорова Сабота се врзани повеќе обичаи и традиции. Воминатото на овој ден во градовите доаѓале девојките и ергените од соседните села, и дотерани во празнична носија, заедно со своите родители и шетале низ градот.
Тоа било можност и за запознавање и за бендисување, па овој ден постарите го паметат како ден на бендисувањето, односно како метафора на љубовта.