Дома Здравје 7 знаци дека вашето тело е полно со токсини

7 знаци дека вашето тело е полно со токсини

954
0


Гадење, осип на кожата, главоболки, замор, се само дел од симптомите кои покажуваат дека вашето тело е полно со токсини, велат експертите. Погледнете кои знаци укажуваат дека треба да внимавате што ви кажува телото и да започнете со детоксикација.

Несоница

Несоницата е една од главните последици од акумулацијата на токсините во телото. Ако имате проблеми со спиењето, тоа значи дека треба да го проверите црниот дроб, бидејќи несоницата често се поврзува со проблеми со тој орган. Пробајте брокула, карфиол и сличен зеленчук кои го чистат црниот дроб.
Црниот дроб обично ги неутрализира токсините, затоа во исхраната вклучете што е можно повеќе храна богата со сулфур, а лукот е најдобар за тоа.

Летаргија

Ако се будите уморни и троми, чувството на летаргија ве придружува цел ден, треба да размислите за детоксикација. Нема да го решите проблемот доколку недостатокот на енергија го надоместите со стимуланси како што е кофеинот. Напротив, тоа само ќе ги влоши работите. Јадете многу житарки бидејќи се богати со витамини од групата Б, кои влијаат на менталните функции како што се концентрацијата и меморијата.

Главоболки

Хроничните главоболки кои постојано се враќаат може да укажуваат на прекумерна количина на токсини во телото. Задржувањето на токсините е една од најголемите причини за главоболки и мигрена. Треба да се знае дека главоболките можат да се влошат во текот на процесот на детоксикација, но откако ќе се исфрли отровот, тие треба веднаш да престанат или значително да се намалат.

Проблеми со кожата

Доколку забележите осип или мозолчиња на вашата кожа, време е за детоксикација. Кожата е најдобар показател дека нешто не е во ред со организмот, бидејќи се што не е во ред се исфрла на неговата површина.

Жолт или бел јазик

Јазикот е важен индикатор за откривање на количината на токсини во телото. Храната која содржи токсини може да ја наруши деликатната слуз на дигестивниот систем, вклучувајќи го и јазикот. Ако на површината на јазикот е видлив бел или жолт слој, речиси е сигурно дека дигестивниот тракт се бори со токсините.

Акумулација на масно ткиво во абдоменот

Токсините кои ги внесувате преку храна и пијалоци, но и токсините кои ги вдишувате го забрзуваат акумулацијата на масното ткиво во желудникот. Ова се случува затоа што многу токсини кои остануваат во телото стигнуваат до стомакот и остануваат таму. Тие можат да се отстранат само со детоксикација.

Чувство на топлина

Еден од природните начини на кој телото ги исфрла токсините е преку потење. Кога има премногу отров во телото, тој ќе се „прегрее“ обидувајќи се да се ослободи од нив со потење, поради што можете постојано да чувствувате топлина, дури и кога надвор е ладно.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име