Ако ви остане леб, нема потреба да го фрлате. Ви носиме неколку одлични начини на кои можете да го искористите.
Двопек
Лебот исечкајте го на кришки, наредете го на плех и печете на силен оган помеѓу 10 и 15 минути.
Попара
Многу економичен и брз оброк за кој не треба да трошите многу пари. Во зовриената вода додајте масло и посолете, а потоа лебот што сте го исечкале на поголеми парчиња. Гответе минута до две. На крајот се може да се прелие со кисело млеко, јогурт, павлака.
Печени сендвичи
Потребни ви се сирење, домат, кромид и прстофат власец, а деликатесот е тука. Крцкавиот и топол леб е вкусен сам по себе, а не мора ни да претерувате со преливот кој може да се состои од она што го имате во фрижидер или она што го сакате. На пример, на кришка леб ставете лист салама, малку мелено лукче и коцка сирење.
Презла
Исушениот леб сомелете го и добивате одличен додаток кој можете да го користите при пржење или подготовка на кнедли.
Пица
Наредете ги на плех, блиску едно до друго, да се набиат. Ако лебот е премногу тврд, посипете го со малку млеко, во спротивно доволно е да го премачкате со масло или путер. Потоа ставете го филот што го користите за правење на пицата: сос од домати, сирење, салама, печурки, зачини… Печете буквално неколку минути, додека тестото не стане жешко и меко.
Пржен леб
Јајцата се матат, се тркалаат кришки леб од двете страни и се пржат во тава.
Брускети
Ако парчињата се големи, пресечете ги на половина. Посипете ги со маслиново масло, додајте зачини по ваш избор, како босилек, рузмарин, сок од лимон… Ваш избор е и филот, кој може да вклучува печурки, сирење, маслинки, домати… Печете во рерна на 200 степени 15 минути.