Дома Нега и убавина 6 трикови за убавина за кои ви треба само кокосово масло

6 трикови за убавина за кои ви треба само кокосово масло

746
0

Придобивките од кокосовото масло се познати подолго време, а последниве години овој производ доживеа бум поради неговиот квалитет и широкиот опсег на примена. Кокосовото масло има исклучителни лековити својства кои се препознаваат низ целиот свет – повеќе е хранливо и лековито од кое било друго масло во исхраната, се користи како домашен лек кај пацифичкото и азиското население, а последните години се повеќе се препознава и кај нас.

Ако сте пробале различни начини на употреба на кокосово масло во кујната, веројатно сте го испробале за нега на кожата на телото, но не сте свесни за неговиот целосен потенцијал за убавина, прочитајте подолу кои производи може да се заменат со само една тегличка од ова „чудо од масло“ .

Производ за отстранување шминка
Кокосовото масло е ефикасно во отстранување на шминка и нечистотии. Пред да одите во кревет, нанесете го маслото со помош на подлога и третирајте ги очите со природна нега при отстранување на остатоците од шминка.

Балсам за усни
За нега на усните не е потребно многу напор со ова масло. За да ги задржите усните негувани и нежни, нанесете масло за да им дадете витамин Е и да ја негувате кожата.

Крема за бричење
Ако веќе не сте, пробајте го овој метод. Заменете ја пената или гелот за бричење со неколку лажици кокосово масло, кое совршено ја хидрира кожата.

Паста за заби
Кокосово масло можете да го користите и како паста за заби. Има антибактериско дејство и е одличен во борбата против плаките, ги убива бактериите, а исто така ги избелува забите.

Маска за коса
Одличен рецепт за здрава коса е да се протрие кокосово масло во темето и да се исплакне после половина час или уште подобро, преку ноќ. Вашата коса ќе биде еластична, а краевите здрави и негувани.

Нега на ноктите
По маникирот нежно масирајте малку кокосово масло во кутикулата околу ноктот и природно ќе го зацврстите ноктот и ќе го намалите изгледот на кутикулите.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име