Дома Здравје 6 изненадувачки знаци на дехидратација…

6 изненадувачки знаци на дехидратација…

807
0

„ Дехидратацијата влијае на сите луѓе, а правилната хидратација е исто толку важна за луѓето кои работат цел ден на компјутер, како и за маратонците, кои можат да изгубат до осум проценти од својата тежина во вода за време на натпревар“, објасни Лоренс Армстронг, еден од водачите на студијата.

Дехидрираноста е состојба што се јавува откако телото ќе изгуби повеќе течност отколку што добило, а со тоа се нарушува рамнотежата на минералите во телесните течности. Лесна дехидратација се јавува кога телото губи околу два процента од вкупната телесна течност, умерена дехидрација значи губење на околу пет проценти од вкупната телесна течност. Тешка дехидратација се јавува ако телото изгуби околу десет проценти од вкупната течност, што веќе може да доведе до сериозни компликации.

” Доволна количина вода е неопходна за процесите на регулирање на телесната температура, кои се особено важни во текот на летото. Меѓу другото, потребна е вода за регулирање на варењето и столицата, а неговиот недостаток може да го загрози нашиот циркулаторен систем, предизвикувајќи пад на крвниот притисок и краткорочно губење на свеста. “, објаснуваат стручњаците.

На кои симптоми треба да внимавате?

Лош здив
Плунката содржи антибактериски способности, но дехидрираноста може да го спречи телото да произведува доволни количини на плунка.

„Ако не направите доволно плунка, може да се појави прекумерен раст на бактериите и еден од несаканите ефекти на тоа е лош здив поради хронична дехидрација“, открил Џонсон Хигинс, професор по кардиоваскуларна медицина на Универзитетот во Тексас

Сува кожа
„Многу луѓе мислат дека дехидрираните луѓе многу се потат, но како што телото поминува низ различни фази на дехидратација, лицето добива вртоглавица и нема доволно крв, што доведува до сува кожа“, објасни Хагинс за порталот Everyday health. Може да се појави и црвенило.

Мускулни грчеви
“Колку сте потопло, толку се поголеми шансите за грчеви во мускулите . Бидејќи мускулите работат сè потешко, тие можат да згрчат од самата топлина. Промените во електролитите, натриумот и калиумот исто така можат да предизвикаат грчеви”, тврди Хигинс.

Температурата и треска
Ако сте погодени од сериозна дехидратација, можни се симптоми како што се температура и треска. Температурата може да биде особено опасна – одете на лекар ако достигне 38,3 степени.

Желба за слатко
Среде дехидрација, поради недостаток на вода, одредени органи не можат да функционираат правилно, а глукозата не може да се испушти во крвта од проголтаната храна. Резултатот е желба за храна.

Главоболка
Мозокот е опкружен со цереброспинална течност, течност што го штити во внатрешноста на черепот, а доколку количината на таа течност се намали поради дехидрација, мозокот може буквално да се потпре на черепот и на тој начин да предизвика главоболки, тврди Хигинс.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име