Интуицијата е нешто што е надвор од секое размислување и логика. Нашето чувство во стомакот или внатрешниот глас кој ни кажува дали нешто ни одговара или не. Во животот не секогаш се водиме од логиката и рационалното размислување, многупати во животот ќе ни помогне интуицијата, тоа силно чувство во нас, кое ни кажува што е добро, а што не, сите го чувствуваме во самите ние, само треба да бидеме свесни за тоа. Често има моменти кога на необјаснив начин се чувствуваме склони кон одреден избор, одлука, реакција, кога интуицијата ни кажува што да правиме, како да постапиме, како да се однесуваме, која насока да избереме, која одлука да донесеме. Прочитајте за 5 знаци кои ќе ви откријат дали сте интуитивна личност.
Чувствувате вибрации од другите луѓе
Секогаш кога ќе запознаете некојa новa личност, чувствувате вибрации од таа личност, било негативна или позитивна. Ако добиете позитивна атмосфера од некого, може да се чувствувате добро во друштво на таа личност „без причина“. Ако добиете негативна вибрација од некоја личност, може да почувствувате дека таа личност не е добра за вас, ќе видите дека можеби ве лаже, ве мами или не ви посакува добро.
Вие сте чувствителна личност
Имате способност веднаш да ги забележите и почувствувате туѓите емоции. Можете брзо да забележите како луѓето се чувствуваат, ги чувствуваат нивните енергии. Вие сте чувствителна и емотивна личност, ги чувствувате луѓето околу вас.
Добивате ненадејни пораки или знаци
Секогаш кога интуицијата се обидува да комуницира со вас, можете да ги следите знаците или пораките што ви ги кажува интуицијата во вашата околина. Било да е во ситуација додека одите до работа, во ресторан или во теретана. Интуицијата е таа што се обидува да ви каже нешто.
Имате живописни соништа
Често имате необични, живописни, богати соништа на кои јасно се сеќавате по будењето. Понекогаш може да ви се чини дека она, ситуацијата, искуството што го доживувате во вашите соништа се оствариле и можеби тоа прави да се чувствувате чудно.
Се чувствувате поврзани со природата
Додека сме во затворен простор, на работа или дома, има многу работи кои можат да ни го одвлечат вниманието како бучава, гласови, звуци, гужви, стрес и да го задушат гласот на интуицијата. Ако сте интуитивна личност, кога сте опкружени со природа, може да се чувствувате исклучително креативни, слободни, инспиративни, ентузијастички, а вашата интуиција и внатрешен глас ќе станат посилни, бидејќи во околината нема одвлекување на вниманието, стрес и гужви.