Дома Психолошки совети 5 трикови за зголемување на оптимизмот…

5 трикови за зголемување на оптимизмот…

653
0

За да се чувствувате среќни и исполнети, не мора да посегнувате по нови и најскапи чизми што и онака не ви требаат. Најдобрите работи за да го поправите расположението обично се бесплатни и на дофат на раката!

  1. Водете љубов почесто
    Тоа е одлична аеробна вежба за добра физичка и ментална форма. Шведска студија спроведена меѓу постари лица покажа дека сексуално активните луѓе се исто така поздрави.
  2. Размислувајте позитивно
    Студиите покажуваат дека оптимистичката личност има повеќе антитела и повеќе бели крвни клетки за борба против болести. Едно долгорочно американско истражување покажа дека луѓето кои во својата младост гледаат на животот црно имаат поголема веројатност да страдаат од сериозни болести во староста.
  3. Држете се исправено
    Подвитканото држење прави дополнително оптоварување на ‘рбетот, предизвикува напнатост во грбот и мускулите на рамото, а исто така изгледаме потешки за три килограми. Затоа, застанете на целата своја висина, подигнете ја главата и вметнете го стомакот. Додека одите, замислете го горниот дел од главата постојано да влечете нешто нагоре.
  4. Дишете длабоко пет минути секој ден
    Дишејќи површно, внесуваме премалку кислород и издишуваме премалку јаглерод диоксид. Длабокото дишење го ублажува стресот и му обезбедува на организмот повеќе кислород, а со тоа и повеќе енергија.
  5. Започнете да пиете зелен чај
    Според неодамнешните јапонски истражувања, луѓето кои пијат зелен чај имаат помала веројатност да заболат од рак. Зелениот чај помага и против висок крвен притисок и висок холестерол во крвта.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име