5 скриени причини за покачен холестерол! Не е сè до храната, ова може да биде и поттик!
Иако генетските фактори и исхраната се најпознатите причинители за висок холестерол, постојат и други помалку познати фактори кои можат значително да придонесат за овој здравствен проблем. Запознајте се со пет скриени причини кои можат да го зголемат нивото на холестерол во вашето тело.
Хиперхолестеролемија , состојба во која холестеролот се акумулира на ѕидовите на крвните садови, се развива со текот на годините, создавајќи атеросклеротични наслаги кои го блокираат протокот на крв и го зголемуваат ризикот од мозочен и срцев удар.
Причините за оваа состојба се многу, вклучувајќи генетски фактори, исхрана богата со заситени и транс масти, шеќер и рафинирани јаглехидрати, како и дебелина и седентарен начин на живот.
Покрај овие, постојат и други фактори кои придонесуваат за зголемување на нивото на холестерол:
Стресот
Хроничниот стрес може да го намали HDL (добриот) холестерол и да го зголеми ЛДЛ (лошиот) холестерол поради ефектите на стрес хормоните, кортизолот и адреналинот, врз метаболизмот на мастите. Овие хормони предизвикуваат и воспалителен одговор во телото, зголемувајќи го ризикот од кардиоваскуларни болести. Стресот често води до нездрави навики како што се консумирање храна богата со шеќер и масти, алкохол и пушење.
Одредени болести
Болестите како хипертироидизам, дијабетес, ХИВ, лупус и хронична бубрежна болест може да доведат до покачени нивоа на холестерол. Тироидната жлезда игра клучна улога во отстранувањето на вишокот холестерол од телото. Хипотироидизмот, на пример, може да предизвика зголемување на холестеролот, а симптомите вклучуваат замор, сува кожа, слабост и болки во мускулите.
Некои третмани
Одредени медицински третмани, вклучувајќи терапии за акни, рак, хипертензија, аритмија, трансплантација на органи и ХИВ инфекција, може да доведат до зголемување на нивото на холестерол, пренесува „Мондо“.
Старост
Зголемениот холестерол е почест по 40-годишна возраст, кога црниот дроб станува помалку ефикасен во отстранувањето на LDL холестеролот.
Менопауза и бременост
Менопаузата може да предизвика зголемување на холестеролот поради намалување на нивото на естроген, додека за време на бременоста нивото на холестерол природно се зголемува за да го поддржи развојот на фетусот, особено во вториот и третиот триместар.