Дома Здравје 5 рецепти за здрава и вкусна вода збогатена со овошје и билки

5 рецепти за здрава и вкусна вода збогатена со овошје и билки

914
0

Внесувањето доволно вода е многу важно за човековото здравје и имунитет. Водата ја користи мозокот за производство на хормони, таа носи хранливи материи низ телото и ја регулира телесната температура.

Но, за многумина, обичната вода е „досадна“ и понекогаш е тешко да се внесува доволно дневно. Истражувањата покажаа дека витамините додадени во ароматизираната вода и сокови не придонесуваат за човечкото тело и се полни со шеќер. Доколку сакате да пиете нешто поразлично и поздраво, водата натопена со овошје и билки е одличен избор. Во продолжение ви пренесуваме пет рецепти за овошна вода во кои ќе уживате.

Вода со босилек и портокал

Состојки:

Половина литар обична или газирана вода
Мраз,
Портокал,
Свеж босилек,

Во тегла се става вода, се додава мразот и сецканиот портокал и босилекот по желба. Промешајте и послужете.

Вода со јагоди, свежа краставица и босилек

Состојки:

3 листови босилек исечени на поголеми парчиња,
Една сечкана јагода
3 до 5 кришки свежа краставица,
Мраз,

Сите состојки се ставаат во поголема чаша, се прелива вода. Оставете да отстои пет минути и послужете со мраз.

Вода со лимон и малини

Состојки:

Две шолји малини,
Осум чаши вода,
Еден голем лимон, исечен на парчиња,
Една сува урма,

Сите состојки ставете ги во голема тегла, прелијте со водата и оставете да се излади барем еден час во фрижидер.

Вода со јагоди, нане и портокал

Состојки:

Свежо нане,
Половина шолја сечкани јагоди,
Половина портокал, исечкан,
4 децилитри вода,

Овошјето и нането ставете ги во мала тегла, прелијте ги со водата и оставете ги во фрижидер преку ноќ.

Вода со ананас и ѓумбир

Состојки:

Една чаша свеж ананас исечкан на коцки,
Сечкан или рендан ѓумбир,
2 литри вода,

Во голема тегла ставете ги ананасот и ѓумбирот, прелијте ги со водата и ставете ги да се изладат во фрижидер. Доколку сакате посладок вкус, можете прво да го ставите ананасот во тегла, а потоа да додадете вода.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име