Дома Здравје 3 здрави намирници за на празен стомак , пред утринското кафе…

3 здрави намирници за на празен стомак , пред утринското кафе…

1257
0

Повеќето од вас го започнуваат денот со утринско кафе, што не е особено здрава одлука.

Нема сомнеж дека појадокот е најважниот оброк во денот, но повеќето луѓе го одложуваат или прескокнуваат.

Не треба да се присилувате да појадувате ако не се чувствувате гладни, но мала количина од вистинските состојки, доколку се земе пред утринското кафе, може многу добро да влијае на вашето здравје.

Ова не е вистински оброк, па нема да имате мачнина доколку не ја сакате храната наутро. Можете да појадувате подоцна.

Ова се здрави намирници кои се погодни за секое време од денот, но максимумот ќе го извлечете само ако ги земате на празен стомак.

Нутриционистот, д-р Рупали Дата, составил листа на намирници кои се одличен избор за почеток на денот, а три намирници се издвојуваат.

Мед и топла вода

Лажичка мед наутро е навика која ја развиле нашите предци. Медот се смета за лек во многу култури, можеби повеќе од лек. Науката одамна утврдила дека медот содржи бројни хранливи материи и здрави материи кои добро делуваат на организмот. Лажичка мед и чаша топла вода го подобруваат варењето и позитивно делуваат на имунитетот, а кога се земаат на празен стомак влијаат на целокупниот метаболизам.

Кога во оваа смеса ќе додадете лимон , вршите своевидна детоксикација на организмот. Овој пијалок ви дава енергија во остатокот од денот, а идеален е за луѓе кои се придржуваат до одредена диета.

Бадеми

Препорачливо е да се јадат 5 до 10 бадеми на празен стомак. Ова коскесто овошје ги содржи сите најважни витамини и хранливи материи. Бадемите ве одржуваат сити, па гладта нема да се појави наскоро.

Се препорачува да ги оставите бадемите во чаша вода неколку минути пред да ги конзумирате, бидејќи на тој начин го зголемувате нивниот ефект.

Бадемите содржат танин, кој ја подобрува апсорпцијата на хранливите материи, а кога бадемите се добро натопени во вода, хранливите материи полесно се ослободуваат.

Урми

Се смета за едно од најздравите овошја во светот, урмите се одличен извор на енергија која ви е потребна за да го започнете денот. Д-р Дата вели дека урмите се полни со растворливи влакна кои многу добро влијаат на работата на органите за варење. Благодарение на калиумот, со кој се богати урмите , помагаат при стомачни болки и дијареа. Се препорачува да ги земате дури и ако имате проблем со запек

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име