Иако сите европски градови се, без сомнение, убави во секое време од годината, некои се во фокусот само во текот на летото. Но, има и такви чии убавини доаѓаат до израз само во зимските месеци.
Бидејќи пандемијата на коронавирус прво целосно оневозможи, а потоа го отежна патувањето, повеќето луѓе се одлучуваат за еден одмор во текот на годината, обично лето.
Секако, има и такви на кои патувањето во лето или пролет не им е примамливо, но претпочитаат да одат во странство во текот на зимата. Токму поради таа причина за вас ги издвојуваме европските градови кои ќе ве маѓепсаат во наредните месеци.
- Стокхолм (Шведска)
Стан Гамла, стар град, палати во и надвор од градот, паркови, улици, покриви покриени со снег го прават амбиентот на овој град уште поидиличен.
Стокхолм е прекрасен и во текот на летото, но некако има поголем шарм во текот на зимата. Доколку случајно се најдете во него токму кога паѓа снег, одете директно во палатата Дротнингхолм, која е особено убава кога паѓа снег, пренесува Б92.
- Париз (Франција)
Секоја зима во Париз се отвораат бројни лизгалишта, а сакале да им се придружите или не, посетете ја Големата палата на Шанзелизе.
Амбиентот е прекрасен, се служат топли напитоци, разладен шампањ, а ако не сакате да лизгате, можете само да гледате додека другите лизгаат.
- Хамбург (Германија)
Ако зимата е доволно студена, тогаш ќе имате „среќа“, па двете езера кои доминираат во центарот на градот ќе замрзнат, а кога тоа ќе се случи, Хамбург ќе стане град на мраз.
Одење, лизгање, тезги со колбаси и варено вино ќе го направат пикник на мраз и престојот во Хамбург уште поубав.