Дома Здравје 3 ЗАЧИНИ кои ги чистат белите дробови!

3 ЗАЧИНИ кои ги чистат белите дробови!

1483
0

Помагаат при вируси и воспаленија – задолжително додајте ги во оброците….

Здравјето е на прво место, а за време на постудените денови најважно е да имате правилна исхрана за да го заштитите организмот од вируси и воспаленија. Истражувањата покажаа дека одредени зачини можат да помогнат доколку сакате да ги исчистите белите дробови

Куркума
Истражувањата покажаа дека овој растителен вид од семејството на ѓумбир го подобрува чистењето на белите дробови од штетни материи како резултат на пушење или живеење во загадена област.
Куркумата традиционално се користи во кари и други индиски јадења, подготовка на златно млеко и разни здрави смути. За да делува против воспаленија, измешајте куркума со малку црн пипер.


Лук
Лукот им дава вкус на бројни јадења, а најмногу лековити својства има кога се јаде сиров, иако и лукот во прав е многу популарен како зачин за јадења. Сепак, имајте на ум дека големи количини лук не се препорачуваат за луѓе со стомачни и проблеми со варењето. Често се вели дека лукот е природен антибиотик, средство за отпушување на дишните патишта, моќно растение со антиканцерогени и антиинфламаторни ефекти што ги потиснува габите и одредени вируси.
Лукот содржи алицин, кој ги уништува инфекциите на респираторниот тракт, а многу истражувања покажале дека е ефикасен помошник во чистењето на белите дробови на луѓето кои пушат.


Ѓумбир
Ѓумбирот има многу лековити својства. Го зајакнува имунитетот, го подобрува варењето, ја намалува надуеноста, ги намалува воспалителните процеси во организмот и ги отстранува токсините од белите дробови и остатокот од телото, поради што се препорачува за пушачи.

Иако овој корен со вкус на лимон потекнува од Југоисточна Азија, во последните неколку години се повеќе е присутен на нашиот пазар. Ѓумбирот се користи како додаток на солени и слатки јадења, а од него најчесто се прави чај.

Многу е важно правилно да се консумира ѓумбир. Не треба да се јаде повеќе од два сантиметри парче ѓумбир дневно. Ако не сте сигурни за точната доза, консултирајте се со доктор или нутриционист.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име