2 посни ролати од една смеса: СОВРШЕНО ПРЕДЈАДЕЊЕ
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1200 грама компири,
400 грама крекери,
250 грама посен мајонез,
сол,
3 чешниња лук
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Најпрво излупете ги компирите и сварете ги со лук.
Извадете го лукот бидејќи се користел само за блага арома. Изгмечете ги жешките компири како за пире.
Додадете мелени крекери, мајонез и сè убаво измешајте со рака. Се добива околу 1500 грама тесто. Значи на секој ролат му требаат околу 500 грама.
1 лажичка куркума (за тесто), 50 грама спанаќ, 100 грама посен мајонез, сол по вкус
Измешајте го тестото со куркума. Расукајте со сукало помеѓу две парчиња хартија за печење, извадете ја горната хартија и премачкајте со сечкан спанаќ измешан со мајонез и малку сол. Завиткајте со хартија и оставете го наредниот ден.
Втора ролна:
1 лажица оригано (за тесто), 3 лажици кечап, 180 грама туна
Се замесува тесто со ориганото и како и досега развлечете го со сукало. Измешајте ги туната и кечапот, намачкајте и свиткајте во ролна. Оставете да се излади.