Дома Живот 15 интересни факти за јајцата

15 интересни факти за јајцата

1125
0

Јајцата се природна супер храна: тие се одличен избор на квалитетни протеини, тие се ефтини и достапни во текот на целата година, не се расипуваат лесно и можат буквално да го хранат светот.
Ова се најинтересните факти за малото тркалезно хранливо пакување што секој од нас го има во својот фрижидер:

  1. 1,5 милијарди јајца се произведуваат годишно во светот , а 40% од целото производство се јаде во Кина. Поради толку голема побарувачка во Кина, се произведуваат дури и лажни јајца и ова е сè поголем проблем. Вештачките јајца се прават од мешавина на смола, коагулант и скроб и се додава лажна школка. Едно лице може да направи околу 1500 такви јајца на ден.
  2. Белите кокошки несат бели јајца, кафеаите кафеави јајца.
  3. Најчесто користени јајца во исхраната се од кокошка, пороа од патка, гуска и препелица.
  4. Површината на јајцето има до 17 000 мали пори . Затоа јајцата лесно ги апсорбираат мирисите и треба да ги чувате подалеку од друга храна во фрижидерот.
  5. Во САД , според законот, јајцата мора да се мијат пред продажбата .
  6. Најголемите јајца ги несат ноевите (должина 15-20 см) , а најмалите колибрите (должина 1 см) . Но, кога ќе ја споредиме големината на птицата со големината на јајцето, најголемото јајце несат птиците киви од Нов Зеланд: тие тежат околу килограм , што е 15-20 проценти од женската тежина.
  7. Најголемото јајце го снесила кокошката Хенриет. Со должина од 23 см и ширина од 11 см.
  8. Јајцето старее еден ден на собна температура повеќе од една недела во фрижидер.
  9. Јајцата содржат 11 различни витамини и минерали .
  10. Светскиот ден на јајцето се слави на вториот петок во октомври .
  11. Секој човек во просек годишно јаде по 173 јајца.
  12. Гинисовиот рекорд за правење најбрзо омлет припаѓа на Хауард Халмер, наравил 427 омлети од јајца за половина час.
  13. Светскиот рекорд во јадење варени јајца е 65 јајца за само 6 минути и 40 секунди.
  14. Античките Грци верувале дека светот потекнува од јајцето поставено од божицата Еуринома.
  15. Што е постаро, кокошката или јајцето? Јајцето! Бидејќи влекачите несат јајца. И диносаурусите беа влекачи. И птиците еволуирале од диносаурусите. Значи постаро е јајцето, од кокошката.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име