12 интересни факти за Дубровник
Дубровничките и англиските хроничари пишуваат дека норманскиот крал Ричард I дошол во Дубровник во есента 1192 година, откако се вратил од крстоносните војни.
Во 1296 година, Република Дубровник изградила еден од првите средновековни канализациони системи, кој се користи и денес.
Аптеката во дубровничкиот францискански манастир, која непрекинато работи од 1317 година до денес, е трета најстара во Европа.
Првиот карантин во светот се одржа во Дубровник во 1377 година. Карантинот е место каде луѓето се одвојуваат, пристигнувајќи од области каде што има заразни болести, додека не се покаже дека се здрави.
Дубровник донесе декрет за укинување на ропството и забрана за транспорт на робови на 27 јануари 1416 година, што е прва забрана за ропство во Европа.
Домот за деца без родители што е основан во рамките на манастирот Св. Клер, во 1432 година, беше една од првите такви институции во светот.
Законот за поморско осигурување на Дубровник („Ordo super assecuratoribus“, 1568) е најстариот таков закон во светот.
Поморската флота на Република Дубровник во 16 век имала околу 40.000 морнари и повеќе од 180 големи бродови, таа била меѓу најсилните во Средоземното Море.
Во делата на Вилијам Шекспир, „Венецијанскиот трговец“ и „Скромната Горопадница“ се појавува терминот „аргоси“ што значи „дубровнички брод“.
Република Дубровник е првата земја во светот која ги призна САД. Тоа беше во 1783 година.
Ирскиот драматург Џорџ Бернард Шо изјавил: „Оние кои бараат рај на земјата треба да дојдат да го видат Дубровник“.
Дубровничката река Омбла со својот водотек долг 30 метри е една од најкратките реки во светот.